Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жителите на населбата Карпош денеска го слават празникот Голема Богородица.
Тие утрово се собраа кај крстот на влезот во населбата каде палеа свеќи за здравје, среќа и бериќет. Прославата со музика ќе продолжи и во вечерните часови на истото место. Оваа година кум за празникот е Роберт Пешиќ. Вели дека Голема Богородица ја смета за заштитник на неговото семејство и чест му е што е кум за празникот.
Заедно со братучеди сме оваа година кумови. Нема некои посебни обичаи. Околу организацијата треба да се подготви јадење, пиење за гостите за денеска и да се предаде кумството оваа година. Кумот се избира случајно, се бира кој ќе се пријави. За мене Богородица е заштитник пред се. Очекуваме здравје, среќа - вели Пешиќ.
Верниците кои присуствуваа на прославата велат дека секоја година се собираат кај крстот, да се помолат за здравје и среќа за себе и најблиските.
Да ни се живи и здрави внуците. Имам и пет правници. Кој што може ќе донесе. Ние старите ќе поседиме, ќе земеме крстена вода и ќе си одиме бидејќи живееме блиску - рече Рајна Стојановска, жител на населбата.
Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица е значаен христијански празник кај православните, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk