Прославата на 8 Септември на Градскиот плоштад

07.09.2019 11:37 | KumanovoNews

На градскиот плоштад Куманово, пред споменикот на Жена борец, утре во 11 часот ќе започне прославата по повод  Денот на независноста на Македонија.

Прославата на 8 Септември на Градскиот плоштад

Делегации од јавните институции и граѓани ќе положат цвеќе, по што на присутните ќе им се обрати градоначалникот Максим Димитриевски.

На Градскиот плоштадот во 11.30 часот, ќе се одржи настан „Заедно за граѓаните“, на кој ќе се презентираат различни активности, сервисни информации, услуги кои граѓаните можат да ги добијат од институциите и показни вежби.  

Настанот, по повод 8 Септември,  по четврти пат го организира Општина Куманово во соработка со Територијалната противпожарна единица,  Црвен Крст и Итната медицинска помош.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk