Прославен Денот на рударите, 28 август

28.08.2023 12:47 | Жаклина Цветковска

Денот на рударите , 28 август, денеска беше прославен во Крива Паланка во чест на рударите од  рудникот за олово и цинк„Тораница“.

Прославен Денот на рударите, 28 август

За кривопаланчани рударстото е вековна традиција, а  „Тораница“ е еден од најголемите работодавачи во општината..

„Рударството придонесува кон целокупното индустриско производство и директно влијае на локалниот и економски развој, како и на економската моќ на над 350 семејства  од Крива Паланка. Работниците од  рударскиот сектор, чија заштитничка е Пресвета Богородица , секогаш нека го  слават во добро здравје“,  порача градоначалникот на Крива Паланка , Сашко Митовски.

Денешната прослава за рударите во Крива Паланка ја  организирање концесионерот „Булмак 2016“-„Минстрој Холдинг“, кој им  оддаде  признанија за нивната макотрпна, но достоинствена и чесна професија. Сопственикот Николај Влканов најави дека вложувањата во поголеми плати и во подобри услови нема да запрат.

На прославата присуствуваше и министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, која  нагласи дека „Минстрој Холдинг“ се општествено-одговорни партнери што придонесуваат кон посовремени услови за работа.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk