Просветните работници ќе протестираат во Скопје

30.07.2014 07:53 | KumanovoNews

Околу 500 членови од регионален одбор на СОНК Куманово во петок, симболично во 5 до 12 часот, ќе протестираат пред Министерството за образование, со што ќе дадат поддршка на штипските професори и ќе побараат подобрување на состојбите во образованието.

Просветните работници ќе протестираат во Скопје

Од синдикатот велат дека овој протест е само опомена до надлежните, а доколку  не им се исполнат барањата тие ќе почнат генерален штрајк на 1 септември.

 - Ние како регион се подготвуваме веќе неколку дена и се известени сите претседатели на синдикални организации за да приберат што повеќе членови. На тој ден масовно ќе излеземе и еднаш веќе да им кажеме на луѓето во министерство дека доста е веќе со вакви игри. Апелирам до сите наши членови, поддржувачи во петок да ни се придружат во 9 часот тргнуваме од пред „11 октомври„. Нашите барања се пролонгираат две години и мора на ова да се стави крај - изјави Селајдин Дестани, претседател на регионален одбор на СОНК.

Тие бараат повисоки плати, склучување на колективен договор за високото образование и наука, надминување на проблемот со преобемни групи во градинките, реагираат на казнувањето на професори со екстерното тестирање и друго.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk