Протекува кровот на училиштата „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ - нема услови за настава во поплавените училници

22.10.2021 18:47 | Сузана Николиќ

Учениците од основните училиштата „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“, посетуваат настава во други објекти, затоа што протекува кровот на училишна зграда и постои опасност вода да дојде во допир со електрична инсталација и да ја загрози нивната безбедност. Ова денеска го обелодени Атина Мургашанска од светничката листа на СДСМ, која го повика градоначалникот Максим Димитриевски итно да реагира и да го реши проблемот. 

Протекува кровот на училиштата „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ - нема услови за настава во поплавените училници

„Учениците до скоро следеа настава во мокри училници, а веќе истите и не се во функција поради опасност од струен удар. Во просториите има електрична инсталација, компјутерска опрема, телевизори, смарт табли и други помагала кои сигурно во такви услови повеќе и не се функционални. Што треба да се случи, за да се реагира од страна на градоначалникот Димитриевски? Тоа е прашањето на кое треба да одговори. Она со што се справуваат учениците и вработените од општинските основни училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ е приоритетен проблем кој бара итно постапување“, кажа Мургашанска.

Таа додаде дека Димитриевски ги промовира владините проекти и реконструкции на училиштата исклучиво во прво лице еднина, без да каже дека одлуките ги носи Советот на Општината. Притоа заборавил да спомене дека протекува кровот во повеќе училници и не преземал ништо да се реши овој проблемот и покрај апелите на вработените и родителите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk