Протеран Косовец, не застанал на пасошка контрола

22.12.2021 12:22 | Сузана Николиќ

Државјанин на Косово е протеран од државата затоа што не застанал на пасошка контрола на граничникот премин „Белановце“. 

Протеран Косовец, не застанал на пасошка контрола

Како што соопштува МВР, вчера во 16.30 часот, на граничен премин „Белановце“, на македонско-косовската граница бил приведен Б.Ш.(30) од Косово, затоа што управувајќи патничко возило „бмв“, со швајцарски национални ознаки, не застанал на пасошка контрола.

Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, а од судија од Основен суд Куманово му е изречена прекршочна санкција од Законот за странци и протерување од земјата.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk