Протест на стецајците од Куманово

30.03.2010 14:37 | KumanovoNews

Педесетина стечајни работници од  пропаднатите кумановски фирми ги радикализираат протестите денеска го блокираа влезот и излезот на Куманово. Во знак на протест што власта не сака да  го реши нивното прашање, тие на крстосницата садеа гранки од дрвја и се приклучија на акцијата Ден на дрвото -  засади ја својата иднина.

Протест на стецајците од Куманово

 Денеска е ден на политичарите, бидејќи тие се како дрво, неми, неподвижнии, не сакаат да чујат за нашите проблеми и затоа денеска сакаме да им докажемо дека тие се како дрва кон својот народ. Каква иднина ние може да очекуваме без ниту еден денар во џебот, а власта нема слух за нашите барања. Иднината може да ја чекаме само на улица - изјави Лиљана Георгиевска од Здружението - УНИТ.

Стечајците за идниот вторник закажаа протести на граничниот премин Табановце, каде што треба да дојдат и стечајците од другите градови во државата.  Стечајците со цел да ги остварат своите барања, организираа четиримесечен штрак со град и протести пред Владата, но власта не попушта пред нивниот притисок.

На власта добро и се познати нашите барања.Треба веќе еднаш да седне на маса со нас и да го реши нашиот статус.Ние не бараме милостина, си го бараме она што сме си го заработиле. Доколку тоа не се случи, ќе се организираме масовно и со 50 автобуси од цела Македонија, одиме на Табановце. Треба сфатат веќе еднаш, дека ги поминаа сите граници,  на нашето трпение - велат стечајците.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk