Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановци кои работеле во базите во Ирак и Авганистан утре ќе излезат на протест поради одлуката на Управата за јавни приходи (УЈП) да се оданочат парите што ги добиле по основ на плата и оштета.
Оданочувањето на приходите од странство се однесува на периодот од 2020 до 2025 година.
Засегнатите граѓани велат дека претходно немале најава дека треба да платат данок, дека голем дел од средствата веќе ги потрошиле, а сега се соочуваат со извршни решенија.
Протестот ќе се одржи од 13 до 15 часот на малиот плоштад.
Во Куманово, околу 10.000 граѓани биле на привремена работа во базите во Ирак и Авганистан, а дел од нив во изминатите години добиле и оштета за претрпени последици во воениот регион.
Македонија има склучено договори со 49 странски држави за одбегнување на двојно оданочување, што е клучен услов граѓаните да не подлежат на данок и во државата од каде што потекнуваат приходите и во својата матична земја.
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk