Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ

28.11.2018 11:05 | KumanovoNews

ВМРО-ДПМНЕ попладне ќе одржи протест во Скопје, кој ќе почне во 17 часот пред седиштето на партијата.

Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ

Поради тоа, МВР најави промена на сообраќајниот режим.

  Од 17 часот е закажан протест во Скопје организиран од страна на политичка партија со релација на движење од плоштадот „ВМРО“, десно по улицата „Даме Груев“, право по улицата „Васил Главинов“, право по булеварот „ВМРО“, лево по булеварот „Илинден“ до пред зградата на  Влада, се вели во соопштението.

Последниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата во Скопје беше на 2. јуни оваа година, петнаесетина дена пред Македонија и Грција да го потпишат договорот од Преспа.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk