Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Основниот суд Куманово започна протестот на судската администација.
Дел од административците протестираа на работните места, а дел излега пред зградата на судот.
“Барањата се познати зголемување на платата од 35 проценти, како што е тоа направено за јавното обвинителство и за судиите.Нашето барање помина на седница на Влада, добивме одобрение од Судскиот совет и сега се закочи работата кај Министерство за финансии, но се надеваме дека преговорите ќе продолжат и дека нашите барања ќе бидат исполнети. Опструкции немаме, ни од страна на судиите, ниту од страна на вработените. Така што се тече добро, сега за сега немаме проблеми, - изјави Синиша Ќириќ претседател на синдикална организација на Основен суд Куманово.
Судот за време на штрајкот ќе работи само за итните предмети и тоа за предмети во кои има притвор, странски елемент, времени мерки, тестамент и ќе се издаваат уверенија на граѓани за странство и за вработување.
Протестот ќе трае до исполнуивање на барањата на администрацијата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk