Противпожарен квиз во “Браќа Миладиновци“

21.11.2014 10:31 | KumanovoNews

Во основното училиште “Браќа Миладиновци“ денеска се одржува општински противпожарен квиз, на кој се натпреваруваат ученици од 9 основни и 3 средни училишта од градот.

Противпожарен квиз во “Браќа Миладиновци“

Тие ќе одговараат на прашања од противпожарна заштита, заштита од шумски и пожари на отворен простор.

“Оваа година немавме големи проблеми со пожари, поради нашата подготвеност и превентивните мерки кои ги преземавме. Верувам дека 30 годишното искуство со квиз натпревари сигурно придонесе да настанат генерации и генерации во нашето опкружување, кои се доста запознаени со превентивните мерки кои треба да се преземат кога се во прашање пожарите. Гледам нови лица кои претходните години не сме ги виделе и се надевам дека и тие ќе бидат пријатели на Противпожарниот сојуз“ - вели Марјан Денковски, претседател на Општински противпожарен сојуз Куманово.

Најдобрата екипа на 28 месецов ќе се натпреварува на регионален натпревар во Свети Николе.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk