Противпожарни обуки за фирми и училишта

17.01.2014 15:23 | KumanovoNews

Општинскиот противпожарен сојуз во наредниот период ќе одржи обуки за вработените во фирмите, ученици и наставниците во школите.

Противпожарни обуки за фирми и училишта

Имаме во план да ги посетиме сите средни и основни училишта, дел сме ги посетиле веќе. Тоа ни е законска обврска. Наши екипи ги едуцираат наставниците практично како да се заштитат во случај на пожар, а учениците изведуваат практична вежба. По завршување на обуката наставниците добиваат сертификати - вели Часлав Јовановиќ, секретар на Општински противпожарен сојуз.

Доколку се обучуваат луѓе од рурални средини акцент се става на пожари на отворен простор, а во град обуките се фокусирани на пожари во урбани средини.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk