Противпожарниот сојуз ќе соработува со колегите од Балканот

15.01.2015 10:59 | KumanovoNews

Општинскиот противпожарен сојуз Куманово годинава ќе ја обнови соработката со колегите од бившите југословенски републики, со кои порано имале соработка.

Противпожарниот сојуз ќе соработува со колегите од Балканот

Соработката ќе се состои во размена на искуства, обуки и следење на новитетите во пожарникарството.

“По распадот на Југославија соработка воопшто немаше. Има иницијатива за обнова на соработката од Белград и бевме повикани кај нив. Од оправдани причини не отидовме, но им одговоривме дека сме заинтересирани за таква соработка и истата ќе ја воспоставиме на едно завидно ниво. Од заеднички интерес е да имаме размена на искуства и на тој начин подобро да функционираме„ - рече Часлав Јовановиќ, секретар во Општински противпожарен сојуз Куманово.

Општинскиот противпожарен сојуз порано соработувал со противпожарни друштва од Врање, Белград, Лесковац, Сремски Карловци и други градови.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk