Проверете колку ќе плаќате за струја со блок тарифите, достапен е калкулатор за споредба на сметките

15.06.2022 21:13 | KumanovoNews

На веб страницата на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ( www.erc.org.mk ) е достапен калкутарор со кој секој граѓанин ќе може да направи споредба за сметките за струја меѓу постојниот и новиот предлог тарифен систем со блок тарифи за високата тарифа, односно за скапа струја.

Проверете колку ќе плаќате за струја со блок тарифите, достапен е калкулатор за споредба на сметките

„Со калкулаторот секој потрошувач може да си провери што би значело потрошувачка во блокови, а што би значело постојна ситуација и при тоа самиот калкулатор ќе покажува каква е разликата“, изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, кој заедно со професорот Рубин Талески од ФЕИТ го презентирае калкулаторот за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач со електрична енергија.

Калкулаторот е достапен на следниов ЛИНК.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk