Провиран проектот „Купи куќа, купи стан“ во Куманово

24.03.2016 09:38 | KumanovoNews

Проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“, синоќа беше промовиран пред поголем број кумановци.

Провиран проектот „Купи куќа, купи стан“ во Куманово

Промоцијата ја организираше Министерството за финансии во Центар за култура „Трајко Прокопиев“.

„Проектот „Купи куќа за млади“ е наменет за младите до 35 години, при што Владата субвенционира 33.000 евра за купување, изградба, надградба или доградба на куќа. Овој проект има два модели, „субвенција на рата“ и субвенција на учество“, - рече Виктор Лазаревски на презентацијата.

Тој објасни дека висината на месечните приходи не смее да надмина 900 односно 1.300 евра за брачни другари, кои не смеат да поседуваат стан или куќа на свое име. Рокот на отплата е најмалку 20 години со можност за предвремена отплата по 12-та година за првиот модел и по 10-тата година за моделот субвенција на учество. Со целокупната документација се аплицира во осум деловни банки. За проектот „Купи куќа, купи стан“ нема определена старосна граница.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk