Прскање против инсекти кај Затворениот базен

17.08.2018 07:00 | KumanovoNews

Денеска (петок) ќе се врши третирање против инсекти во паркот кај Затворениот градски базен во Куманово.

Прскање против инсекти кај Затворениот базен

Од Општина Куманово информираат дека во случај на неповолни временски услови, прскањето ќе се одложи за утре (сабота).

- Не се препорачува  подолг престој на третираните површини како за луѓе, така и за  животни, особено во периодот непосредно по извршениот третман, -соопштуваат надлежните.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk