Прскање против комарци во Липково

23.07.2014 07:04 | KumanovoNews

Екипи од Центарот за јавно здравје, утре во доцните вечерни часови, ќе спроведат дезинсекција против комарци на територија на  општина Липково.

Прскање против комарци во Липково

 - Апелираме до пчеларите од подрачјето на Липково да преземат соодветни заштитни мерки за пчелните семејства - вели Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Центарот за јавно здравје.

Дезинсекцијата ќе се врши од земја и има за цел да спречи појава на болести кои ги пренесуваат комарците. Поради неповолни временски услови дезинсекцијата може да биде одложена за наредниот ден.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk