Прскање против крлежи во градот

19.08.2019 10:43 | KumanovoNews

На подрачјето на градот, утре и задутре (вторник и среда), ќе се изврши дезинсекција против крлежи.

Прскање против крлежи во градот

Целта на третманот е спречување на ширење на заразни болести каде како вектори се јавуваат истите.

„Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени јавните зелени и цветни површини во градот, со акцент на зеленилото покрај градскиот кеј, јавните институции и установи, плоштадот и градските паркови. Третираните површини ќе бидат видно одбележани и не се препорачува подолг престој на површините како за луѓе така и за животни, особено непосредно по извршувањето на третманот, - соопштуваат од Општина Куманово.

Доколку, временските услови не дозволат да се спроведе дезинсекцијата во предвидениот термин, тогаш истата ќе биде одложена за наредниот ден.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk