Прскање против крлежи во Куманово

11.05.2018 07:22 | KumanovoNews

 Од вчера започна а ќе продолжи и денеска прскањето против крлежи на територија на Општина Куманово. 

Прскање против крлежи во Куманово

Предвидено е третирање на зелените јавни површини во градот како мерка за борба против крлежи.

Целта на третманот е спречување на ширење на заразни болести каде како вектори се јавуваат истите. Сите третирани површини ќе бидат видно обележани. Не се препорачува  подолг престој на третираните површини како за луѓе, така и за  животни, особено во периодот непосредно  по извршениот третман, - соопштуваат од Општина Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk