Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Првата делница на железничката пруга Куманово – Бељаковце е изградена е повеќе од 50 отсто, и се очекува доколку целиот проект оди согласно динамиката истата да заврши до крајот на годината, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, при неодамнешната посета на Куманово.
„Очекувам да продолжат засилените градежни активности во текот на оваа градежна сезона, имајќи во предвид дека студените месеци веќе завршуваат. Можам да сметам дека ќе продолжи динамиката на изградбата согласно барањата и на Министерството и на Владата“, истакна министерот Бочварски.
За проектот целосно е завршена експропријација, но даден е приоритет на барањата на европските банки, со посветено внимание на социјалниот дел од животот на граѓаните и на животната средина. На барање на жителите од населбата “Перо Чичо“ направен е и подвозник и звучна изолација
Според проектната документација, на првата делница од пругата од источното крило на Коридорот 8 треба да бидат изградени железнички станици во Ново Куманово, Шупљи Камен и Бељаковце, како и шест стојалишта.
Инвестицијата за делницата Куманово - Бељаковце изнесува 41 милион евра, а во втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка ќе се инвестираат 155 милиони евра за дополнителни 34 километри.
Изградбата на Коридор 8 е најголемата инвестиција во железничката инфраструктура од независноста на државата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk