На 24 април претседателски, на 8 мај парламентарни и втор круг претседателски избори

04.12.2023 16:58 | Сузана Николиќ

Политичките партии се договорија првиот круг на претседателските избори да биде на 24 април, а парламентарните и вториот круг претседателски избори на 8 мај. 

На 24 април претседателски, на 8 мај парламентарни и втор круг претседателски избори

Изборите и во првиот и во вториот круг ќе бидат во среда поради  верските празници кои се во овој период. 

„Конечно, после 17 години ќе имаме редовни парламентарни избори, а тоа говори за добрите владини политики”, рече премиерот Димитар Ковачевски во изјавата по лидерската средба.

Тој кажа дека 100 дена пред избори или на 28 јануари ќе се формира техничка влада и дека ќе биде испочитуван договорот премиерот да биде од редовите на ДУИ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk