Прв случај на заразен од коронавирус во Куманово

22.03.2020 11:38 | KumanovoNews

Едно лице од Куманово е меѓу новите 29 заболени од коронавирус во изминатото деноноќие во земјата.

Прв случај на заразен од коронавирус во Куманово

- Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19, денеска до 12.00 часот, изнесува 114. По градови: Скопје (22), Штип (3), Дебар (2), Куманово (1) и Охрид (1), - објави министерот Венко Филипче.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (65), Дебар (36), Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2), Гостивар (1), Куманово (1).

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во моментов се хоспитализирани 24 пациенти. 7 пациенти се континуирано на третман со кислород, 11 се веќе во стабилна - добра здравствена состојба.

Утре, по истекот на 14 дена од поставување дијагноза, кај 6 пациенти ќе се зема контролен брис. Од нив 5 се во добра состојба, а кај пациентката кај која имаше влошување нема промена на состојбата и таа сѐ уште е на респираторна машина.

Пациенти кои се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk