Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Петнаесетина кумановци утринава се крштеваа на првата групна кртевка во црквата Свети Никола во Куманово.
Светото крштевање го извршија неколку свештени лица со благослов на митрополитот кумановско-осоговски господин Јосиф во базенот пред црквата.
Главно се повозрасни лица кои од различни причини не биле крстени во минатото и денеска имаа можност да ја примат православната вера, господ и светиот дух во себе. Крштевањето е она што се вика членство во црква, ниту една света тајна не може да се изврши додека човекот не биде крстен,- изјави отец Антони Стојковски.
Кандидатите за крштевање блечени во бели наметки влегоа во водата на базенот, каде трипати беа потопувани од свештениците.Меѓу крстените имаше луѓе од сите возрасти, момчиња и девојчиња, но и посари сограѓани. Не беа многу расположени да заборуваат за медиумите.
Татко ми беше комунист своевремето и така, од интернет дознав сметам дека ова е добар чин, возбудено се чувствувам, -рече Билјана Митревска (50).
Групните крштевки ќе продолжат и во иднина, а неодмана беше организирана и групна венчавка.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk