Прва изложба на олдтајмери на Градскиот плоштад во Куманово

10.10.2023 13:43 | KumanovoNews

На Градскиот плоштад во Куманово утре за првпат ќе се одржи изложба на олдтајмери, возила постари од 30 години, која се организира во чест на празникот „11 Октомври“.

Прва изложба на олдтајмери на Градскиот плоштад во Куманово

Настанот започнува во 10 часот, а изложените модели ќе можат да се видат до 13 часот. Се очекува најмногу олдтајмери да има токму од градот, но ќе има учесници и од Скопје, Велес, Свети Николе, Струмица и Кавадарци.
 
„Изложбата е можност да дознаеме колку и какви возила има во Куманово, да се запознаеме и да стапиме во контакт меѓусебно“, вели Стефан Трендафиловиќ,иницијатор на изложбата.

Настанот се организира во соработка со скопските клубови- Класик мини, Пежо клуб, Цитроен клуб, Буба клуб и Џентламенс клуб.

Собирот ќе се одвива во два дела. Првиот дел е од 10 до 13 часот на Градскиот плоштад Нова Југославија, а потоа учесниците ќе заминат во Меморијалниот центар Пелинце на пикник-верзија на изложбата и неформално дружење на учесниците.

Инаку, иницијаторот Трендафиловиќ има учествувано на повеќе олдтајмер изложби во Македонија и Врање, Србија. Поседува четири олдтајмери, сите од марката Мерцедес. Два од нив се во секојдневна употреба, едниот се користи само за изложби, а другиот е неисправен и вон употреба. Одржувањето на моделите кои ги поседува тврди дека не е многу комплицирано.

Сите заинтересирани кои сакаат да се пријават за учество на изложбата можат да го најдат на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk