Првачињата добија подароци од полицијата

02.09.2011 08:22 | KumanovoNews

Полицајци од СВР Куманово – Отсек за превенција вчера им посакаа безбедна учебна година на првачињата, и на сите ученици во градот.  Како и секоја учебна година на првиот училишен ден, полициските службеници ги посетија  првачињата во основните училишта.

Првачињата добија подароци од полицијата

На својот прв училишен ден имаа можност да се дружат со полицијата а притоа им беа доделени распоред за часови и лењирчиња со сообраќајни знаци, информираат од Одделот за превенција.  

Во текот на учебната година полицијата ќе се грижи за безбедност на сите ученици преку непосредни контакти и дружења и реализација на повеќе проекти наменети за учениците.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk