Првачињата наместо во мај ќе се запишуваат во јуни, се размислува за укинување на државната матура

30.04.2020 09:29 | KumanovoNews

Наместо како секоја година во мај, уписот на првачиња за учебната година 2020/2021 најверојатно ќе се врши во јуни.

Првачињата наместо во мај ќе се запишуваат во јуни, се размислува за укинување на државната матура

   Mинистерот за образование Арбер Адеми кажа дека поради вонредната состојба се размислуваме за повеќе услови, една од тие е пролонгирање на уписот од мај во јуни.

- Тоа се должи и на фактот дека е потребно да се соберат повеќе документи, бидејќи според новиот Закон за основно образование, за упис на првачиња се потребни потврди од здравствени установи за примени вакцини, од стоматолог и офаталмолог, а овој период ограничено е движењето на населението, - кажа Адеми.

За полагањето на државната матура, Адеми вели дека во наредните недели на седница на Владата ќе се донесе одлука дали ќе се полага во јуни или ќе биде укината оваа обврска.

- Размислуваме за целосно укинување на државната матура за оваа генерација матуранти и кога би донеле такво решение, тогаш ќе има потреба од квалификациони испити во тие студиски програми или единици каде ќе има голема конкуренција или матуранти кои ќе имаат ист број на бодови, но за некои од факултетите тоа е веќе позната ситуација-, рече министерот.

Сите воспитно-образовни институции со владина одлука се затворени од 10 март како превенција од ширење на коронавирусот, а набрзо потоа почна онлајн настава.

Министерот рече дека образовната програма која се спроведува од дома, нема да се повторува во училиштата во септември.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk