Првиот човек на ЗОК ја презеде командата

20.03.2012 14:50 | KumanovoNews

 По тој повод во касарната Боро Менков се одржа свеченост на која присуствуваше началникот на Генералштабот на АРМ Горанчо Котески.

Првиот човек на ЗОК ја презеде командата

Бригадниот генерал Методија Величковски, стапи на должноста командант на Здружената оперативна команда. По тој повод во касарната Боро Менков се одржа свеченост на која присуствуваше началникот на Генералштабот на АРМ Горанчо Котески.

"Предизвик е да се се продолжи делото на командантите Јовчевски, Димов, Котески. Предизвик е да се отпочне и заврши трансформацијата на ЗОК, а сите заедно треба да сме свесни за предизвиците кои ги носи новото време и кое бара од нас да сме побрзи и пофлкесибилни"-рече пред присутните бригадниот генерал Величковски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk