Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.А. (77) од кумановското село Кшање, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид” и “предизвикување општа опасност”.
Пред петнаесетина дена пријавениот со секира го нападнал С.Н.(63) од с.Кшање и со сечивото од секирата го удрил во раката, нанесувајќи му телесна повреда.
По кратко време, С.Н. излегол од својот дом за да го собере добитокот, а пријавениот повторно го нападнал со секира, но го удрил во вилата која ја носел со себе.
Исто така, пред два дена околу 01,00 часот, пријавениот дошол до помошните простории на С.Н. и ги запалил сламата и сеното од кровната конструкција, по што пожарот се проширил и во останатите простории, кои целосно изгореле, како и 60 кокошки, 14 грла добиток. С.Н. при гаснење на пожарот се здобил со изгореници по лицето и рацете.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk