Прво па женско оваа година

01.01.2011 15:58 | KumanovoNews

 Светлана Димитровска (24) од Крива Паланка во 1.45 минути по полноќ  донесе на свет здраво девојче, тешко 2.55 килограми и долго 47 см. на гинеколошкото одделение во Општата болница Куманово

Прво па женско оваа година

 На Куманово годинава ќе му биде бериќетна и плодна ако се суди по првото бебе родено во оваа година. Светлана Димитровска (24) од Крива Паланка во 1.45 минути по полноќ  донесе на свет здраво девојче, тешко 2.55 килограми и долго 47 см. на гинеколошкото одделение во Општата болница Куманово

Прекрасно се чувствувам. Се породив пред 2 часот и среќна сум што добро се заврши. Бебето се чувства добро, но сеуште незнам  како ќе се вика, кумот ќе го избере името.Ова ми е второ дете, а дома имам керќичка од 5 години- рече среќната мајка.

Родилката и бебето ги посети градоначалникот со претставници на кабинетот и директорот на болницата, при што донесоа подароци, цвеќе и златници.

На првиот ден во Новата година традиционално доаѓаме со подароци за првото бебе, и да ја честитаме Новата година на мајката и вработените на оддлението за кои нема одмор ни во најлудата ноќ.Годината ќе ни биде бериќетна бидејќи се роди женско бебе.Јас тука работев 23 години и посебно ми е драго кога тука доаѓам-рече градоначалникот Дамјановски.

Во име на вработените во Кумановската болница на родилката и бебето подароците ги врачи директорот Ариф Љатифи.

Бебињата од Крива Паланка се раѓаат во Куманово бидејќи тамошното гинеколошко одделение се реновира и не работи.



Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk