„Првомајски пикник„ во Студена Вода

30.04.2010 07:36 | KumanovoNews

 Утре во месноста Студена Вода во селото Добрешане, невладините организации и Синдикатот организираат „Првомајски пикник“.

„Првомајски пикник„ во Студена Вода

 Пикникот е замислен како општонародна веселба на која се поканети дувачки оркестри од Штип, богата културно-уметничка програма, натпреварување во традиционалните кумановски игри:  на зенгију, фрлање на камен од рамо и др.

За посетителите е обезбеден превоз и ручек, а ќе бидат поставени и шатори за продажба на храна.

Се очекува на манифестацијата да присуствува поголем број на граѓани поради што на пикникот ќе бидат поставени контејнери за смет, возило на прва помош, противпожарно возило и паркинг.

По повод првомајските празници, за викендот ќе бидат посетени и другите излетнички места во Куманово и Старо Нагоричане.Традиционално, кумановчани организирано заминуваат во спортско-рекреативниот центар „Пелинце„ и во селата по течението на реката Пчиња.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk