Првомајски протест на работниците во Куманово

01.05.2014 10:01 | KumanovoNews

Движењето за социјална правда “Ленка“ и левичарското движење “Солидарност“ денеска на Градскиот плоштад во Куманово организираa првомајски протест на кој учествуваа работници, стечајци, невработени и студенти.

Првомајски протест на работниците во Куманово

На присутните им се обрати Ангела Богоевска, која побара од Владата подобрување на услови за работа и поголеми работнички права.

 Бараме измена на Закон за материјално обезбедување на невработени лица од државните фирми и тоа да ги опфати сите стечајци. Законот за минимална плата да не дискриминира и ефективно да ги казнува прекршителите. Ослободување на право на штрајк од законски стеги. Правото на синдикално организирање да не биде мртва буква на хартија. Владата, преку сопственото и дејствување на нејзините институции, да го обезбеди почитувањето и да го гарантира правото на синдикално организирање,- рече Богоевски.

Таа вели дека зад овие барања стојат: Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Синдикатот на македонската дипломатска служба, Синдикатот на вработени од управа, правосудни органи, здруженија на граѓани, Левичарското движење СОЛИДАРНОСТ, Движењето за социјална правда ЛЕНКА и Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија.

Работниците протестираа низ кумановските улици и завршија пред центарот за социјални работи каде ги повторија своите барања.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk