Првото бебе машко

01.01.2012 15:56 | KumanovoNews

 Првото бебе во Новата година е машко и се роди во 4.25 минути. На мајката Максути Макфире (26) од населбата Тоде Мендол, ова и е трето дете.

Првото бебе машко

 Првото новороденче е тешко е 3600 килограми, а долго 51 сантиметар. На свет дојде по  природен породување и мајката и бебето  се чувствува добро. Родено е во 4.25 утрово, а досега се родени 4 бебиња, од кои три машки едно женско- вели доктор Нисо Тасев, кој го предводел тимот на дежурни лекари на гинеколошко-акушерското одделение во Општата болница Куманово.

Градоначалникот и директорот на болницата на бебето му подарија златници а на мајката цвеќе.

"На овој начин му посакуваме добредојде на првото бебе во градот, и посакуваме многу здравје и среќа на мајката и на семејството "- вели градоначалникот Зоран Дамјановски.

Во болницата во Куманово годишно се раѓаат околу 1600 бебиња.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk