Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Првото бебе во Куманово е родено во 5.05 часот на гинеколошко-акушерското одделение во Општата болница Куманово.
Бебето е тешко 2.850 грама, долго 46 сантиметри. На свет го донесе Изнуре Адеми (32) од липковското село Отља.
Многу сум среќна и се чувствувам прекрасно. Ова е мое второ бебе и братчето со нетрпение очекува да сигне дома, - изјави кратко мајката.
Лекарите велат дека породувањето поминало без проблеми, и мајката и бебето се чувствуваат добро.
Пациентката е второротка, се породи прилично лесно и брзо. Од сабајле имаме уште две породувања и очекуваме во текот на денот уште 5. Прво па машко и полна сала за породување, значи ќе имаме бериќетна година, - изјави Лидија Јовчевска-Ивановска, шеф на акушерското одделение.
Денеска напладне градоначалникот ги посети бебето и мајката и однесе подароци.
Две години по ред првороденото бебе е машко. Во името на граѓаните на Куманово упатувам честитки до мајката. Донесовме златник кој ќе биде спомен на првиот граѓанин на Куманово во 2015 година. Посакувам среќа и долг живот на бебето, - изјави градоначалникот Дамјановски.
Честитки и подароци за мајката и новороденчето донесе и директорот на Општата болница Куманово.
Во Кумановската болница годишно се раѓаат околу 1600 бебиња од општините во североисточниот регион. За околу два проценти повеќе се раѓаат момчиња од девојчиња.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk