Првото бебе машко во 2014

01.01.2014 13:28 | KumanovoNews

 Бебето се роди во 00.25 часот на гинеколошкото одделение во Општата болница Куманово

Првото бебе машко во 2014

Првото бебе во 2014 година во Куманово е машко. Бебето се роди 25 минути по полноќ на гинеколошкото одделение во Општата болница Куманово. Тешко е 3.200 грама и 49 сантиметри долго, а на свет го донесе Гордана Ивановска (34), на која ова и второ дете.

Пресреќна сум што се помина како што треба. Најмногу се радува неговото постаро братче. Веќе ме посетија по полноќ и го видоа бебето. Сеуште не знаеме како ќе се вика, чекаме на кумот  - изјави Гордана.

Покрај семејството, родилката и бебето го посети и градоначалникот на Куманово.

Како и досега, традиционално, во име на граѓаните на Куманово, го посетуваме новиот граѓанин на Куманово. Му подаривме златник на бебето, бомбоњера и цвеќе на мајката. Ние во градот имаме доста новородерни бебиња, но сепак недоволно. Треба повеќе нови граѓани и се надевам дека оваа година ќе биде родна и плодна- изјави Дамјановски.

Подароци на среќната мајка однесе и директорот на Општата болница Куманово.

На бебето му посакувам да биде живо и здраво, и да порасне во корисен член општеството-изјави Арифи.

Годишно во Куманово се раѓаат околу 1600 бебиња, а во првите 12 часа во Куманово се родило само едно бебе.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk