Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Првото бебе во Куманово е женско, се роди синоќа на 1 јануари во 22.45 часот. Денеска родилката и бебето ги посетиа и подароци им однесоа претставници на Општина Куманово и Кумановската болница.
„Среќна сум што првото бебе е женско, како симбол на плодност, бериќет, поголем мир и сплотеност. Во име на Советот на Општина Куманово и градоначалникот им посакав здравје, среќа и да се множат децата во семејството“, изјави Ивана Ѓеоргиевска, претседателка на Советот на Општина Куманово.
Во Куманово од почетокот на годината имало само уште едно породување на акушерскиот оддел, и двете бебиња женски, а во текот на денот се очекува уште едно бебе.
„Живородено, прво дете со спонтано породување, тешко 3.3 кг. и со должина од 53 см. Се надевам дека наталитетот ќе оди во нагорна линија и во нашата општина“, изјави Снежана Захариева, директорка на Кумановската болница.
Во 2022 година во Куманово имало 846 породувања, а минатите години имало и повеќе од 900 раѓања годишно. И градов ги следи светските трендови на намалување на наталитетот. Но, оваа бројка не е конечна, затоа што еден дел од жените се породуваат во приватните клиникки во Скопје.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk