Пукал од пиштол и повредил соселанец

19.06.2021 20:17 | KumanovoNews

Шеесет и седумгодишен жител на кумановското село Лојане е повреден, откако синоќа во него со пиштол пукал негов соселанец.

Пукал од пиштол и повредил соселанец

Престрелката се случила во 19.30 часот во с.Лојане, липковско, кога В.Ч.(25) додека управувал патничко возило „опел астра“, со кумановски регистарски таблички, со пиштол пукал кон неговиот соселанец З.И.(67).

Тој се здобил со телесна повреда, констатирана во Општата болница Куманово, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.  

Увид извршила увидна екипа на СВР Куманово и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk