Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жител на Черкеско село пукал во кумановец, при што го погодил неговото возило.
Инцидентот се случил ноќеска во 2.30 часот во селото Ваксинце, кога А.Д.(36) од Черкеско село со огнено оружје-пиштол испукал еден куршум во правец на А.Н.(31) од Куманово. Притоа куршумот завршил во стакло на паркирано ПМВ „БМВ“ со кумановски регистерски ознаки. Потоа револверашот побегнал со неговото возило. На пукањето му предходела расправија меѓу двајцата мажи. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk