Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вработен во вулканизерска работилница е тешко повреден откако пукнала гума на камион, која ја пумпал.
Несреќата се случила вчера околу 11.30 часот, во вулканизерска работилница на ул. „Бранко Богдански Гуцман“, додека Љ.В.(52) од Куманово пумпал гума од камион -влекач „Ман“ со кумановски регистарски ознаки. Гумата била поставена на машина, но од непознати причини пукнала и вулканизерот паднал на земја, при што се здобил со тешки телесни повреди.
Веднаш бил пренесен во Кумановската болница, каде е задржан.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово во содејство на државен инспектор за труд, безбедност и здравје при работа. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk