Пукната цевка ја остави без вода населбата „Зелен рид“

26.05.2024 10:50 | Оливера Пешевска

Дефект на главна водоводна цевка на ул. „Никшиќка“ со Ф/350 кај училиштето „Кочо Рацин“ во Куманово ја остави без вода населбата Зелен рид.

Пукната цевка ја остави без вода населбата „Зелен рид“

Екипите на ЈП „Водовод“ Куманово веќе се на терен и се работи на отстранување на дефектот.

„Дефектот е пријавен во утринските часови по што екипите веднаш излегле на терен. Интензивно се работи, се надеваме дека до вечерните часови ќе се нормализира водоснабдувањето. Истечена е голема количина на вода, се работи за должина од околу 20 метри. Овој дефект не е поврзан со предходните проблеми со водоснабдувањето“, истакна директорот Оливер Стојмановски.

Населбата Зелен рид во Куманово е една од најголемите и најбројните по број на жители во Куманово.

Од пред неколку дена жителите на Куманово преку градскиот водовод добива само техничка вода, која не е за пиење, откако обилните врнежи од дожд ја заматија водата во браните Липково и Глажња.  За да се нормализира водоснабдувањето во градот се чекаат резултатите од анализита на вода од три независни лаборатории.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk