Пукната цевка кај „Стаклопан“ го прекина водоснабдување на „Октомвриска“

18.09.2024 11:48 | KumanovoNews

Пукната цевка на водоводна мрежа во близина на „Стаклопан“, ги остави без вода жителите на Октомвриска револуција.

Пукната цевка кај „Стаклопан“ го прекина водоснабдување на „Октомвриска“

Водата е исклучена од раскрсницата кај локалитет "Табакана" до зелениот пазар, на раскрсницата кон населбата Перо Чичо.

Екипите на ЈП „Водовод“ се излезени на терен со мехнизација од утринските часови и работата на отстранување на дефектот.

„Се мобилизиравме, излеговме на терен утринава, откако во вечерните часови дошло до пукање на водоводна цевка. Се уште се работи на ископ на местото на дефектот, но за неколку часа очекуваме да се нормализира водоснабдувањето. Во текот на денот жителите на тој дел од градот ќе добијат вода за пиење“, изјави Бобан Петрушевиќ, од оперативниот сектор на претпријатието.

Дел од жителите се прашуваат да нема повторно заматување на водата поради врнежите од утринава. Од ЈП „Водовод“ Куманово смируваат и уверуваат дека не се работи за хаварија како последица од временските прилики.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk