Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Без вода за пиење се жителите на дел од зградите на булеварот „Октомвриска Револуција“, поради санација на дефект на главен транзитен водоводен вод кој се наоѓа во жардињери на булеварот.
Од десната страна на булеварот вода нема само зградата со повеќе влеза, додека од левата е затворено од раскрсницата со Доне Божинов до Мај Маркет.
„Се трудиме што побргу да ја поправиме цевката, но дефектот е малку проблематичен. Има многу дополнителна инсталација околу цевката на која внимаваме- интервенцијата се спроведува рачно. Веруваме дека до 16 часот ќе се нормализира водоснабдувањето. Мораше да се интервенира денеска, за да не се случи во деновите од празничниот викенд да мораме да исклучуваме вода“, истакна директорот Оливер Стојмановски.
Дефектот бил заблежан порано, но се работело за помало истекување. Претходно се направени сите подготвителни работи, сечење на асфалтот и точно лоцирање на останатите инсталации, а сега интензивно се работи за брза санација. Според надлежните морало денеска да се спроведе ова интервенција за да не дојде до ескалација која би го загрозило снабдувањето со вода на речиси целиот град.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk