Пуштал порнофилм на вработена затоа што било модерно

26.07.2013 15:13 | KumanovoNews

 Додека работничката седела на машината, газдата на компјутерот пуштал порнофилм и ја советувал: „Гледај порно не се срами тој е модерно у Куманово“.

Пуштал порнофилм на вработена затоа што било модерно

Младата кумановка, која минатат недела пријавила во полицијата дека газда сексуално ја злоупотребувал на работното место, работата ја нашла преку Фејсбук. Девојката го видела огласот на Интернет и прифатила да оди на пракса, се додека не го научи занаетот. Но убавата практикантка само што тргнала на работа се соочила со непријатности од газдата, кој е дупло постар од неа. Во работното време наместо да и ги пренесе тајните на занаетот тој сакал сексуално да ја искористи.

Како што кажувала девојката во Судот, додека таа седела на машината, тој на компутерот пуштал порнофилм, а мониторот го ставал да гледаат во него. Задолжително го зголемувал и тонот. Понесен од аудио и видео содржините на филмот ја напаѓал девојката и ја допирал по телото. Таа се противела, но тој ја советувал: „Гледај порно не се срами тој е модерно у Куманово“. Кога таа сакала да избега надвор ја враќал и не и дозволувал да го напушти дуќанот.

 Не можејќи да ги издржи вулгарното однесување на претпоставениот, случајот го пријавила во полиција. Тој пред Судот тој се бранел дека е невин, и дека практикантката го мести затоа што не и платил за хранарина и патарина. Газдата ќе одговара за кривично дело обљуба со злоупотреба на службена положба и доби мерка куќен притвор.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk