Пуштен бајпасот-водоснабдувањето нормализирано

25.07.2014 09:03 | KumanovoNews

Алтернативниот цевковод т.н. басјпас, кој обезбедува дополнителни количини на вода до Филтер станицата, од пред половина час повторно е во функција.

Пуштен бајпасот-водоснабдувањето нормализирано

 Од Водостопанство кумановско-липковско поле велат дека тие не ја сопреле водата, но претпоствуваат дека тоа го сторил некој земјоделец.

Бидејќи на цевководот има многу технички проблеми и водата истекува во полето, најверојатно некој од земјоделците ја има запрено за да може да ја ожнее нивата. Наша екипа излезе на терен и ги отвори вентилите. Во оваа прилика морам да кажам дека ЈП „Водовод„ сеуште не ги исполнила преземените обврски околу плаќањето на водата,- вели Филип Филиповски, директор на Водостопанство.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk