Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Новоизградениот спортско-рекреативен комплекс, со отворен и затворен базен, синоќа свечено беше пуштен во употреба.
Комплeксот зафаќа површина од 6.000 метри квадратни, а покрај двата базени предвидено е и отворање на хотелско-угостителски објекти и спа-центар. Вкупната инвестиција изнесува 3,1 милион евра, сретства обезбедни од општинскиот буџет. Црвената лента ја пресече градоначалникот Зоран Дамјановски.
„Верувам дека овој прекрасен спортски комплекс ќе ги потикне младите повеќе да спортуваат, пред се во пливачките спортови, ватерполо, пливање и уметничко пливање. Но, свое место ќе најдат и граѓаните кои сакаат да се рекреираат, како и училишниот спорт. Се надевам дека ќе им служи на граѓаните многу години, и дека ќе знаеме да го чуваме и одржуваме“, -рече градоначалникот Дамјановски на отворањето.
И двата базени се со капацитет за околу 200 посетители. Цената на билетите за отворениот базен е 150 денари, за деца до 7 години бесплатно, а до 14 години 75 денари. Целодневна карта за затворениот базен е 200 денари.
Синоќа големата прослава за граѓаните ја расипа лошото време, но сепак следуваше голем огномет и настап на пејачите од градот.
Кумановци се задоволни што конечно во градот се изгради затворен базен, бидејќи до сега ги посетуваа базените во Скопје.
Ова претставува голем успех за нашиот град, бидејќи досега никој не успејал вакво нешто да направи.Ние со моите другари често одевме на некои помали базени, па сега сум пресреќна што се отвори овој комплекс, - вели Мартија Станојковиќ.
На прославата присуствуваа полититичари од опозицијата на централната власт, лидерот на СДСМ Зоран Заев и потесното централно раководство, како и од коалиционите партнери. Ги немаше политичарите на опозицијата на локално ниво.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk