Пуштен во употреба новиот затвор Кшање

30.09.2013 15:04 | KumanovoNews

 Во селото Кшање денеска беше предадена во употреба новата казнено поправна установа од полуотворен вид.

Пуштен во употреба новиот затвор Кшање

Затворот е со површина од над 5000 метри квадратни и капацитет од 250 затвореника. За изградба на затворот потрошени се 234 милиони денари, а започна да се гради во 2008 година. Затворот располага со амбуланта, кујна, трпезарија и перална, работилници и едукативен центар, отворени спортски терени, теретани, матично служба, посебна просторија за видување на осудените лица со партнерите и друго. Во затворсите простории е вграден современ систем за контрола и видео надзор на затворениците.   Првите затвореници во КПД Куманово ќе бидат сместени на почетокот на наредниот месец.

Лентата ја пресече премиерот Никола Груевски, кој истакна дека во последните 6-7 години владата вложила многу во подобрувањето на условите во затворите и ги реновирала уставовите во Прилеп, Штип, Струмица, Струга, Гевгелија, Скопје, Куманово, а најави изградба на комплетно нови објекти во Идризово, Тетово и Скопје.

Во состав на затворот Куманово ќе функционите и отвореното одделение во Крива Паланка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk