Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Салата е со капацитет од 500 гледачи и ќе се користи за сите мали спортови. За изградба Владата потрошила 18 милиони денари. Со салата ќе управува Општината Липково.
Премиерот Никола Груевски денеска ја предаде во употреба новата спортска сала ОУ "Фаик Коница" во селото Слупчане. Ова е прв спортски објект во Општината Липково.
Се надеваме дека салата ќе им биде од значителна корист на учениците од оваа училиште бидејќи тие имаат најмногу потреба од неа. Во попладневните часови и жителите на околните села, спортските клубови и сите љубители на спортот ќе можат тука да ги развиваат своите способности, да тренираат и да се насочат кон правиот пат избегнувајќи ги пороците, а насочувајќи се кон успесите и градењето на индивидуалните способности-рече Груевски.
Салата е со капацитет од 500 гледачи и ќе се користи за сите мали спортови. За изградба Владата потрошила 18 милиони денари. Со салата ќе управува Општината Липково.
Премиерот најави дека идната година ќе бидат изградени две нови игралишта во селата Никуштак и Липково, а ќе се асфалтира и стариот пат Липково, Скопје, преку Арачиново.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk