Пуштена во употреба фабриката Стил-кон

14.09.2011 15:09 | KumanovoNews

 Денеска беше пуштен во употерба новиот производствен погон за преработка на арматурно железо на компанијата Стил-кон  во селото Младо Нагоричане.

Пуштена во употреба фабриката Стил-кон

Проектот е вреден 3,5 милиони евра, а ќе обезведи 100 нови  работни места.За инвестицијата компанијата добила грант од холандската влада во вредност од 750 илјади евра.

„Денешното отворање на новиот погон за преработка на арматурно железо е круна на партнерската соработка меѓу Македонија и Холандија.Ние сме компанија единствена по многу нешта во Македонија, а сега ќе бидеме единствени по високо софистицирана опрема и погон единствен од таков тип“, изјави сопственикот на Стил Кон, Бобан Тодоровски.

 На свеченото пушптање во употреба на погонот присуствуваше и лентата ја пресече премиерот Никола Груевски.

Кризата ја пребродивме, а доказ за тоа се инвестициите кои овој период влегоа во земјава, но и овој нов погон за челични конструкции и преработка на арматурно железо  кој се отвора денеска. Се надеваме дека наскоро ќе има и други позитивни примери како овој и многу нови вложувања кои можат да не вратат на патот на стабилни и високи стапки на економски раст“, истакна премиерот Груевски.            

За 6 години постоење, Стил- кон работела на големи  проекти во соседните земји, Словенија, Германија, како и во Африка. Со новата инвестицијата капацитетот на компанијата за арматурно железо ќе достигне над 15 илјади тони на годишно ниво.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk