Пуштена во употреба новата канцеларија на Катастар

31.03.2016 11:59 | KumanovoNews

Кумановци од денеска можат да ги користат новите простории на Одделението за катастар и недвижности, кои се наоѓаат спроти Општината Куманово. 

Пуштена во употреба новата канцеларија на Катастар

Во канцеларијата е сместено шалтерско одделение и архива, на површина од 120 метри квадратни.

 „Предходните простории беа сместени на вториот спрат, со отежнат пристап. Со сопствени сретства Катастарот направи нови канцеларии, многу блиску до Општината, многу блиску до Судот. Секој ќе може побрзо да ги добие своите документи“, - изјави министер за транспорт и врски Владо Мисајловски, кој присуствуваше на свеченоста.

Директорот на Агенција за катастар на недвижности, Славче Трпески, истакна дека тие и понатаму ќе работат на подобрување на условите за работа за вработените, но и за граѓаните. Во новите простории пристап ќе имаат и лицата со посебни потреби.

„Овој простор за кратко време успејавме да го адаптираме и да создадеме подобри услови за потребите на граѓаните. Ние веќе 50 насто од барањата ги примаме електронски, но мора да мислиме и за останатите. Во Куманово имаме еден мал проблем, општината иако е овластена да издаве имотни листови за нејзините потреби, како на пример одобрение за градба или за легализација на дивоградби, ги праќа луѓето во Катастар. Сега новите простории се блиску, но мој апел е да се почитуваат законите и имотните листови да се издаваат каде треба“, -изјави директорот Трпески.

Пратеникот Зоран Георгиевски, нагласи дека Куманово не е заборавено од Владата, а во текот на наредниот период следат уште неколку проекти.

Директорот на Кумановскиот катастра Дејан Јовановски се заблагодари за подршката да се осовремени работењето во одделението што го води.

„Бројот на шалтерите е зголемен и ќе можат граѓаните побрзо да бидат опслужени. Ова е нешто што му требаше на Куманово, посебно на Агенцијата за катастар и недвижности. Граѓаните ќе добијат поквалитетна услуга“, - изјави Јовановски.

Во Кумановскиот катастар дневно се поднесуваат од 300 до 400 барања или 6.000 барања на месечно ниво.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk