Пуштени во употреба две улици, трета се гради

05.11.2013 14:10 | KumanovoNews

Асфалтирани се дел од улиците “Жикица Јовановиќ - Шпанац“ во Тоде Мендол и “4“ во Черкеско село.

Пуштени во употреба две улици, трета се гради

 Улиците денеска беа предадени во употреба,  а градоначалникот најави дека наскоро ќе започне да се гради и улицата “Васа Пелагиќ “.

 Улицата “Жикица Јовановиќ - Шпанац“ и “Доктор Рибар“ се во должината од 150 метри. Изградени се и тротоари до пристапите на зградите, бидејќи овдека е густо населено местото. За асфалтирање на овој крак од улицата потрошени се 2.5 милиони денари.  - изјави Дамјановски.

Улицата во селото Черкезе започната е пред 2 години. Лани се асфалтирани два дела, а сега последниот крак од околу 380 метри. Потрошени се 6.600.000 денари.

Координаторот на советничката група на ДУИ, Ридван Асани е задоволен од сработеното.

 Оваа динамика откако сме во коалиција веќе шест месеци испаѓа дека во просек по една улица во месецот се прави. Очекуваме проблемите на граѓаните во наредните 4 години да бидат решени - вели Асани.

Градоначалникот денеска ја посети и улицата “Васа Пелагиќ“ каде е изградена водоводна и канализациона мрежа, а улицата ќе се асфалтира во должина од 300 метри. Деновиве ќе се избере изведувач и ќе почне да се работи и на улицата “Никола Вапцаров“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk