Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово денеска беа пуштени во употреба новите тениски игралишта.
Се работи за инвестиција вредна 19,1 милиони денари реализирана преку проектот на Агенцијата за млади и спорт за изградба на 120 тениски терени низ целата држава.
„Ставени се во функција 4 тениски игралишта. Изградени се по меѓунаридни правила на МТФ и тука можат да се одигруваат меѓународни натпревари од трет ранг, осветлени се со рефлектори и можат да се користа и навечер. Верувам дека ќе бидат вистинска подршка за тениските клубови и за граѓаните кои ќе сакаат рекреативно да спортуваат,- изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.
На пуштањето во употреба присуствуваа министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Во Куманово Агенцијата досега инвестирала 52 милиони денари за изградба на спортската сала „Панко Брашнаров„, игралиште во ОУ „11 Октомври„ и за тениските игралишта. Наредната година се планира изградба на фитнес зона, игралиште во Пчиња, скејт парк и 4 игралишта за стрит баскет.
Со тениските терени ќе стопанисува Општината Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk